Европската Унија ќе додели 50 милиони евра помош за Албанија во борбата со вирусот Ковид-19, објави на Твитер амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца.
Од нив четири милиони евра ќе бидат за медицинска помош, 11 милиони за социјална помош и 35 милиони евра за економско закрепнување.
„Среќен сум што може да објавам дека Европската Унија ќе даде конкретна помош за Албанија во борбата против Ковид-19. Конкретно: 4 милиони евра за медицинска опрема и медицинска помош, 11 милиони евра за социјална подршка, како и 35 милиони евра за економско закрепнување. ЕУ е секогаш со Албанија и во време кога е тоа потребно! Секогаш сме со Албанија“, напиша Сореца.
На веста на Сореца реагираше премиерот Еди Рама реагираше кој на Фејсбук напиша: „Господ на Албанците е голем. Европската унија на Албанија ѝ додели 50 милиони евра за борба против „Ковид-19“.