Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денес одржал видео-конференциски состанок со Оливер Вархеји, Еврокомесар за соседска политика и преговори за проширување, соопшти Секретаријатот за евроски прашања.
Османи и Вархеји разговараа за активностите на Владата и на Координативниот штаб во справувањето со предизвиците од епидемијата Ковид-19, како и можностите за подлабока соработка во оваа насока со институциите на ЕУ.
– Итната помош од четири милиони евра, но и ослободувањето на преку 60 милиони евра од ИПА средствата за справување со социо – економските предизвици претставуваа значајна помош од стана на Европската Унија, а особено радува фактот што земјата станува дел и од заедничкиот европски механизам за заштита од Ковид-19, преку учество и во заедничката набавка на Европската Унија за медицински средства за оваа намена – истакна Османи.
Вархеји истакна дека како земја – преговарач, Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат соодветно распределени средствата за солидарно справување со предизвиците од Ковид-19.