ЕУ ДА ИМ ДАДЕ НЕШТО И НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Фон Крамон го посети Сараево

Ние европските парламентарци секогаш велиме дека во случај да им се даде кандидатски статус на Молдавија и Украина, мора да им дадеме нешто и на земјите од Западен Балкан за да покажеме дека сме кредибилни и дека довербата во нас не е целосно изгубена, рече Фон Крамон.

156

Известувачот на Европскиот парламент за Западен Балкан, Виола фон Крамон денеска во Сараево изјави дека во случај да им се даде кандидатски статус на Молдавија и Украина, мора нешто да им се даде на земјите од Западен Балкан, што, како што рече, значи кандидатски статус за БиХ.

– Ние европските парламентарци секогаш велиме дека во случај да им се даде кандидатски статус на Молдавија и Украина, мора да им дадеме нешто и на земјите од Западен Балкан за да покажеме дека сме кредибилни и дека довербата во нас не е целосно изгубена – рече Фон Крамон.






Европската комисија неодмана ги предложи за кандидати во ЕУ, Украина и Молдавија.

Поврзани содржини