ЕУ ЧЕКА ПРЕДЛОЗИ ЗА ЗАМЕНА НА БАЛАНСЕРОТ Важно е Охридскиот договор континуирано да се спроведува
ЕУ Делегацијата ја нотира одлуката на Уставниот суд. Одлуката на Судот доаѓа откако Владата ги објави своите намери да го реформира системот и да го замени балансерот. Очекуваме да ги видиме предлозите, наведуваат од Делегација на ЕУ.
Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој повикува на целосно почитување на принципот на недискриминација и еднаков третман, особено во јавната администрација, велат од Делегација на ЕУ, прашани за став во врска со одлуката на Уставниот суд за укинување на „балансерот“.
– ЕУ Делегацијата ја нотира одлуката на Уставниот суд. Одлуката на Судот доаѓа откако Владата ги објави своите намери да го реформира системот и да го замени Балансерот. Очекуваме да ги видиме предлозите – наведуваат од Делегација на ЕУ.
Уставниот суд вчера го укина балансерот како неуставна алатка. Оваа одлука предизвика жестоки реакции од албанската опозиција.