ЕУ БАРА ИСТРАГА ЗА АФЕРАТА НА МИЛО ЃУКАНОВИЌ „Пандорините“ документи ќе влијаат на извештајот за Црна Гора
Во документацијата на водечката адвокатска фирма во Панама „Алкогал“, МАНС пронајде заверени копии од договорот за основање на трустови што Ѓукановиќ ги склучил на 21 јуни 2012-та година со компанијата „CM Skye 2 (PTC) limited“ регистрирана во британските Девствени Острови. Мрежата на компаниите поврзани со овие две оди до Панама, Гибралтар и други даночни раеви.
Тајни договори со кои Мило Ѓукановиќ и неговиот син Блажо основале фондови со офшор-фирми кои ќе им го водат нивниот имот да бидат детално истражени за корупција бара ЕУ од Црна Гора, пренесуваат црногорските медиуми. Документите за поранешниот премиер на земјата беа дел од големото „Пандорино“ протекување на податоци за околу 200 светски лидери и моќници, а ова ќе влијае на извештајот на ЕУ за состојбата во земјата, пишува Вијести.
– Очекуваме дека овие неодамнешни наводи, како и сите други наводи за корупција или евентуално затајување данок, соодветно ќе бидат истражени од надлежните национални органи – соопштија од Делегацијата на ЕУ за црногорските медиуми.
Во документацијата на водечката адвокатска фирма во Панама „Алкогал“, МАНС пронајде заверени копии од договорот за основање на трустови што Ѓукановиќ ги склучил на 21 јуни 2012-та година со компанијата „CM Skye 2 (PTC) limited“ регистрирана во британските Девствени Острови. Мрежата на компаниите поврзани со овие две оди до Панама, Гибралтар и други даночни раеви.
Агенцијата за спречување корупција (КАС) изјави дека ќе поведе постапка „за утврдување на фактите“. Специјалното државно обвинителство (СДТ) во понеделникот објави дека формирало случај во врска со тврдењата на МАНС, објавувајќи дека ќе ги преземе сите мерки и дејствија во рамките на својата надлежност „со цел да ги утврди фактите и околностите“.
Амбасадата на САД за Вијести изјави дека тие не се во можност да ги коментираат случаите на конкретни лица споменати во „Пандорините документи“ и потсетија на меморандумот на претседателот Џо Бајден, со кој се утврди дека борбата против корупцијата е клучен интерес на националната безбедност.