ЕУ ја следи ситуацијата во Косово по одлуката на Хаг

Ние никогаш не коментираме судски одлуки за одделни случаи, па ниту овие операции и постапки на Специјалниот обвинител - истакна Стано.

331

Европската унија го следи развојот на ситуацијата во Косово по одлуката на хашкото Специјално обвинителство на Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово да покрене обвиненија против високи личности во Приштина, изјави денеска во Брисел портпаролот на ЕК, Петер Стано.

– Ние никогаш не коментираме судски одлуки за одделни случаи, па ниту овие операции и постапки на Специјалниот обвинител – истакна Стано, додавајќи дека ЕУ дополнително ќе реагира кога ќе добие „важни информации“ за тоа.






Портпаролот на ЕК со тоа одговори на новинарско прашање дали ЕУ смета дека покренувањето обвиненија против косовскиот претседател Хашим Тачи, кој поднесе оставка, и уште неколкумина важни личности во Приштина, може да има влијание врз дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Поврзани содржини