ЕУ ЈА ДОБИ ПРВАТА ТУЖБА ЗА ДАНОКОТ НА ЕКСТРА ПРОФИТ Нафтениот гигант „Ексон Мобил“ тврди дека данокот е незаконски

„Ексон Мобил“ ја нарекува мерката „контрапродуктивна“ и  како и другите големи компании во секторот за нафта и гас тврди дека ги обесхрабрува инвестициите.

276

Американската мултинационална компанија за нафта и гас„Ексон Мобил“ (Exxon Mobile) поднесе тужба против ЕУ поради данокот на екстра профит.

Компанијата која во октомври објави квартален профит од речиси 20 милијарди долари, ја обвини ЕУ дека ги пречекорува своите законски овластувања со воведувањето на овој данок.






„Ексон Мобил“ ја нарекува мерката „контрапродуктивна“ и  како и другите големи компании во секторот за нафта и гас тврди дека ги обесхрабрува инвестициите.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во септември објави план според кој големите компании за нафта, гас и јаглен треба да плаќаат данок на зголемен профит во 2022 година.

Планот предвидува компаниите да плаќаат данок од 33 отсто за овогодинешната добивка која е за најмалку 20 отсто поголема од просечната добивка за претходните три години.

Поврзани содржини