Ето се враќа од пензија и ќе игра во Шпанија?
Шансите засега се 50-50. Следната недела ќе знаеме сè, а ако не успееме да дојдеме до Ето, секако дека имаме план Б - изјавил Пањиело.
Шпанскиот фудбалски клуб Мурсија денеска му понудил на Камерунецот Самуел Ето да се врати од пензија и да ја оживее кариерата што ја заврши во 2019 година.
Враќањето на 39-годишниот Ето на терените би предизвикало големо внимание, а претседателот на Мурсија, Морис Пањиело, изјавил дека следната недела ќе биде познато дали поранешната ѕвезда на Барселона и на Интер ќе потпише за Мурсија.
– Шансите засега се 50-50. Следната недела ќе знаеме сè, а ако не успееме да дојдеме до Ето, секако дека имаме план Б – изјавил Пањиело.