НЕМА ПРОПУСТИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ ОД СТРУМИЦА Сепсата била фатална, ДСЗИ не утврди недостатоци
Државниот санитарен и здравствен инспекторат не утврдил недостатоци при вонредниот надзор во врска со лекувањето и третманот на починатото бебе, старо 8 дена, од Струмица.
Од ДСЗИ велат надзор е направен во Струмичката општа болница, Детската клиника, каде бебето почина, како и кај матичниот гинеколог на мајката.
Бебето било родено во струмичката болница и дома било пуштено во добра здравствена состојба. Родителите, по 8 дена го донеле бебето во болницата во Струмица со многу висока температура. Лекарите од болницата му ја пружиле неопгодната нега и третман за лекување. но по неколку дена поради неговата состојба со медицински транспорт било препратено на Детската клиника во Скопје.
Бебето почина на Детската клиника во Скопје минатиот петок минатата недела почина. Според директорот на клиниката Мемети, бебето старо осум дена кај нив било донесено со задоцнување во тешка состојба со сепса, и дека покрај напортие на лекарите сепсата била фатална.
Од ДСЗИ најавија дека целокупната медицинска документација за починатото новородено и за неговата мајка ќе бидат доставени до Мнистерството за здравство.