ЕТНА СЕ РАЗБУДИ Вулканот еруптира фонтана од лава, Сицилија повторно трепери (ВИДЕО)

Покрај густиот чад и пепел, засега не е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, центарот на Сицилија.

456

Вулканот Етна на јужниот италијански остров Сицилија е повторно активен, вистинска „фонтана со лава“ се спушта на југо-источната страна на вулканот, пренесуваат италијанските медиуми.

На ерупцијата и претходеа неколку експлозии кои што се слушнаа далеку, од кратерот излегуваше чад, а околните места беа покриени со вулканска пепел.

 






И покрај густиот чад и пепел, засега не е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, центарот на Сицилија.

Според Националниот институт за геофизика, изворот на лава се наоѓа на надморска височина од 3.000 метри надморска височина.

 

Во 2011 година, вулканот Етна беше вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Поврзани содржини