ЕТЕ ЗОШТО ВРАБОТЕНИТЕ ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ НЕ ДОБИВАЛЕ ПЛАТИ Не биле наплатени над 1 милион евра, а за 800.000 евра нема никакви податоци

Ревизијата која е извршена за 2021 година, а изготвена во 2023 година, покажува дека владата на СДСМ и ДУИ се однесувала кон Национални шуми како бунар без дно, обвини Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

555

Владата на СДСМ и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по комитенти, нема податоци за основот и старосната структура, ниту дали се преземени дејствија за наплата, изјави денеска Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ревизијата која е извршена за 2021 година, а изготвена во 2023 година, покажува дека владата на СДСМ и ДУИ се однесувала кон Национални шуми како бунар без дно. Имено, Извештајот покажува дека во 2021 година Национални шуми има ненаплатени побарувања од 62 милиони денари, што е над 1 милион евра. За 47 милиони денари, односно 800.000 евра, нема аналитичка евиденција, не се знае ниту основот, ниту староста. Седум години Национални шуми тонеше. Не е чудо што кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде владата, претпријатието немаше ниту за плати. Неспособноста завршува со СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ работи 100% одговорно, за твојата иднина – рече Петрупевски.

Поврзани содржини