ЕТЕ, ДОЧЕКАВМЕ И ТОА – ЧОКОЛАДО СО ЧВАРКИ Краш направи Дорина со џимиринки

Компанијата „Краш“ денеска преку својот Фејсбук профил објави дека навистина направила Дорина со чварки, иако се почнало како првоаприлска шега.

897

Комбинацијата за чоколадо со чварки првпат била спомената на 1 април, но, како што велат од компанијата, интересот бил толку голем, што тие навистина решиле да направат чоколадо со чварки.

Сите кои сакаат да го пробаат чоколадото, кое е со ограничено производство, тоа може да го направат од 30 април во „Краш чоко&кафе“ во Загреб. Од компанијата нагласуваат дека количините се ограничени.






Како и каде можете да го пробате прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини