ЕСТРАДАТА ПРЕКУ НОЌ СЕ ПРЕФРЛИ НА ЈУТЈУБ Еден човек промовира наши ѕвезди повеќе од сите телевизии заедно (ВИДЕО)

„Кога уредниците во телевизиите, новинарите и водителите одлучија веќе одамна да ја исфрлат естрадата од телевизиските екрани, тогаш зошто да не си најдеме решение? А мојот пример може да е доказ на сите, дека во моментов од социјалните мрежи во Македонија можеш да добиеш многу повеќе од телевизиите“, вели Лазаров за ПлусИнфо.

1,684

Македонската естрада ја нема, ја нема … и оп, отвораш Јутјуб за да видиш дека она што треба да го прават телевизиите, оние големи интервјуа, спотови и емисии на наши домашни ѕвезди и таленти всушност, се преселиле на неколку интернет-канали и добиваат и над 100.000 гледањаЈутјуб, ТикТок, Спотифај не познаваат граници, а нашите млади сили не можат да чекаат да се среди ситуацијата во Македонија за да се себепромовираат на Балканот, но и во светот.

Еден човек стана посебно заслужен за промоцијата на некои од новите и старо-новите македонски имиња: Стефан Лазаров, кој и самиот е автор на песни на својот канал. Во „Лазаров шоу“ ѕвездите мораат да јадат луто пиперче, да играат чудни игри, а понекогаш самиот водител е по боксерки.






– Многу ми е драго што уметниците или артистите како сакате, конечно сфатија дека јавното појавување и промоција на свој проект не зависи повеќе од телевизиите. Јутјуб како платформа се повеќе и повеќе расте и дефинитивно е иднината. Кога уредниците во телевизиите, новинарите и водителите одлучија веќе одамна да ја исфрлат естрадата од телевизиските екрани, тогаш зошто да не си најдеме решение? А мојот пример може да е доказ на сите, дека во моментов од социјалните мрежи во Македонија можеш да добиеш многу повеќе од телевизиите – вели Лазаров за ПлусИнфо.

Емисиите на Лазаров варираат од интервју до спонтан подкаст во кој одблиску можеме да се запознаеме со некоја домашна ѕвезда. Тие се и изблик на новото тикток време, на новата мода, каде што тетоважи одат рака под рака со класична гардероба, каде владеат рапот, дабстепот и ауто-тјун вокалите … Во Америка постојат луѓе кои буквално живеат од Јутјуб, додека бендовите и артистите се обидуваат да се пробијат преку Спотифај. Но, дали ова може да биде замена за една добра балканска турнеја?

– Да бидеме реални да заработиш од социјални мрежи или монетизација во Македонија скоро па и да не можеш, единствено преку Спотифај, меѓутоа за да дојдеш да речеме од некоја заработка од 1000 евра, потребни ти се над 300.000-400.000 прегледи што за наш артист е многу тешко, бидејќи нашиот народ сè уште не користи толку многу Спотифај. Од Јутјуб, Тикток, скоро па и да нема. Затоа концертни турнеи си се сепак концертни турнеи – смета Лазаров.

Се чини дека новите млади артисти сè прават сами. И тоа го прават неверојатно успешно. Сами или со помали продукциски куќи и маркетинг агенции кои ги заменија некогашните издавачи. Колку чини да се пост-продуцира еден добар спот, имајќи предвид дека денес се следат стандардите кои ги наметнува светот: вртени кадри, снимање на повеќе локации, снимки од дрон, скапи автомобили, чад, одбрана облека, ефекти …

– Времињата се сменија, се појавија млади ентузијасти кои творат многу подобро и од цели продукциски куќи. Затоа и може да се забележи кај младите тренд на соло-играч. Добар спот под 1000-1500 евра не може да се направи. Меѓутоа, тргајќи и од себеси, а знам и многу како мене, некогаш и со 300-400 евра, ако се има добра идеја и замисла може да се направи спот да изгледа многу скапо. Релативно тоа се случува на почетокот, каде идеи има многу, пари не, па некако ги спојуваш двете и добиваш добар проект. Меѓутоа ако сакаш да го дигнеш левелот и да се истакнеш, доаѓа момент каде што веќе мора да вложиш повеќе од 2000-3000 евра од спот – открива Лазаров.

Поврзани содржини