Естонска министерка разрешена, ги возела децата на училиште со владин автомобил

Мајилис Репс, која е самохрана мајка, неколку пати со министерски автомобил управуван од службен возач ги праќала своите шест деца на училиште, без притоа таа да биде во возилото, објавија естонските весници.

604

Министерката за образование на Естонија Мајилис Репс е разрешена од функцијата откако тамошните медиуми објавија дека ја злоупотребила положбата.

Репс, која е самохрана мајка, неколку пати со министерски автомобил управуван од службен возач ги праќала своите шест деца на училиште, без притоа таа да биде во возилото, објавија естонските весници.






Репс пред една недела поради скандалот поднесе оставка.

Претседателката на Естонија Керсти Калјулајд денеска го назначи Јаак Ааб, досегашен министер за јавна администрација за нов министер за образование.

 

Поврзани содржини