Естетските хирурзи ја разоткрија Меган: Што оперирала на себе, старите фотографии им се доказ ФОТО

962

Побарувачката за изгледот на Меган Маркл е во пораст, тврдат пластичните хирурзи. А сега, тие откриле што променила Меган на себе.

Сите жени најмногу му се восхитуваат на носот на Меган, кој во профил изгледа многу женствено, меѓутоа, стручњаците тврдат дека тоа не е дар од мајката природа, туку дека и самата војвотка носот го „доработила“ кај пластичните хирурзи.






– Меган има речиси совршено обликуван нос. Правилно ѝ се наместени очите и нејзината брада во облик на буквата V е класично убава. Лицето ѝ е во добра форма и блиску е до она што Грците го сметаат за совршено – изјавил во една прилика естетскиот хирург Џулијанно де Силва .

Како што наведуваат хирурзите, на нејзините фотографии од тинејџерските денови јасно се гледа дека нејзиниот нос изгледа покрупно, иако Меган никогаш не признала дека била подложена на каков било  вид естетски зафат.

Сепак, бидејќи Меган Маркл важи за една од најубавите жени на светот, не само што нејзиниот нос е на цена, туку и јаболчниците како и обликот на вилицата.

 

 

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини