ЕСМ ТВРДИ ДЕКА БЛОКОТ1 МОРАЛЕ ДА ГО ИСКЛУЧАТ Производството во РЕК Битола ќе продолжи денеска по поправка на цевката

Од ЕСМ додадваат дека се работи и на оспособување на Блок 2 кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава.

1,098

ЕСМ потврди дека Блокот 1 на ТЕЦ Битола е исклучен за да се санира скината цевка.

Оттаму велат дека се очекува брза санација и враќање на блокот на мрежа денеска.






„Не постоеше никаква можност да биде саниран дефектот додека постројката е во функција. Синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата. Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа“, стои во соопштението.

Од ЕСМ додадваат дека се работи и на оспособување на Блок 2 кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава.

Во меѓувреме АД ЕСМ ги задоволува потребите од останатите капацитети, како и со набавена електрична енергија, како резерва при вакви куси испади.

Поврзани содржини