ЕСМ НЕ СЕ ЈАВИ И НА НОВИОТ ТЕНДЕР НА ЕВН ХОМЕ Се барале количини на струја за 12, а пресметките на компанијата биле за 6 месеци

ЕСМ ќе треба да обезбеди 100 отсто од потребите на електрична енергија за домаќинствата.

428

ЕСМ не достави понуда за електрична енергија за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи  и на четвртиот тендер на ЕВН Хоуме. Од компанијата велат дека тие биле подготвени да ја понудат договорената цена на електрична енергија за период од 6 месеци, но не и за период од 12 месеци како што се бара на актуелниот тендер на ЕВН Хоме. Најавуваат дека ќе се јават на наредниот тендер на кој ќе треба да обебедат 100 отсто од потребната стрија за домаќинствата.

– Одлуката од Владата  во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022 година се однесуваат на период од 6 месеци, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоум е распишан за 12 месеци. Од тие причини АД ЕСМ денеска не поднесе понуда. АД ЕСМ ќе се јави на следниот повик на Универзалниот снабдувач кој треба да се однесува на периодот јануари-јуни 2022 година – појаснија од ЕСМ.






Според последните информации кои ги  соопшти министерот за економија, Владата побарала од ЕСМ и во 2022 година да обезбеди 100 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата, иако според Законот за енергетија ЕСМ е обврзана да обезбеди 60 отсто од потребната струја. Бектеши рече и дека според утврдената цена на струјата која треба да ја понуди ЕСМ на тендерот таа за домачинствата ќе посками само 9 отсто.

ЕСМ не се јави со понуда ниту на претходните три последователни тендери на ЕВН Хоме со образложение дека не била изготвена пресметка за предлог цената.

Поврзани содржини