ЕСМ-ЕНЕРГЕТИКА УВЕРУВА ДЕКА НЕМА ЗАСТОЈ Непречено се испорачува парно греење

550

АД ЕСМ, подружица „Енергетика” врши непречено снабдување со топлинска енергија на корисниците во Скопје, приклучени на топловодната мрежа на Енергетика. Испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила, соопшти компанијата.

„Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на „Енергетика” и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно ниво, со оглед на вртоглавиот раст на цената на природниот гас, кој се користи како основен енергенс во производството на топлинска и електрична енергија во „Енергетика” и е навремено обезбеден“, информира АД Електрани на Северна Македонија.






Преку АД ЕСМ-Енергетика со парно греење се снабдуваат околу 3500 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Дежурни екипи се на располагање 24 часа за време на грејната сезона, како и служба за корисници и пријава дефекти со контакт 02/3104 816 и 071/313-405, велат од компани8јата.

Поврзани содржини