АД ЕСМ ќе треба да изработи студија за оправданост за изградба на фотонапонска електрана на земјиштето што беше планирано за изградба на карго аеродромот во Штип.
– На денешната седница, на предлог на канцеларијата на премиерот, Владата го задолжи АД ЕСМ да изработи Студија за оправданост и сите потребни технички и финансиско економски анализи со цел изградба на фотонапонска електрана од 300 MW до 350 MW, на локација во непосредна близина на Штип, на земјиштето кое беше планирано за изградба на карго аеродром – велат од Владата.
Со заклучок на Владата, се задолжува АД ЕСМ да ангажира консултант за подготовка на тендерска документација и помош при спроведување на постапката за изградба на фотонапонската електрана со договор за изградба клуч на рака со обезбедување на потребните финансиски средства од страна на изведувачот согласно меѓународните искуства за ваков тип на проекти.