ЕСМ ДОБИ 65 МИЛИОНИ ЕВРА Ќе купува дополнителни количини струја

Владата уверува дека ќе има мерки и за реанливите категории граѓани.

634

Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека се преземаат соодветни чекори за ублажување на последиците од енергетската криза. Од Буџетот за 2021 година веќе се префрлени 4 милијарди денари (65 милиони евра) на АД ЕСМ за обезбедување дополнителни количества електрична енергија, вклучително и балансна енергија.

– Во насока на ублажување на последиците од оваа енергетска криза која е со пошироки размери и не ја опфаќа само РС. Македонија се преземаат соодветни чекори. Веќе е прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија и се преземаат мерки и активности насочени кон обезбедување дополнителни количини електрична енергија, вклучително и балансна енергија и резерва на активна моќност согласно утврдената кризна состојба – вели Бесими во интервју за МИА.






Дополнително, за заштита на најранливите категории, Министерството за труд и социјална политика во координација со Министерството за економија се задолжени да подготват мерки за поддршка на социјално ранливите категории за да користат дополнителни средства за заштита од енергетска сиромаштија.

– Ваква мерка веќе се спроведува и имаме 45.622 корисници од ранливи категории кои добиваат 1000 денари додаток за покривање на трошоци за греење. Мерка која, исто така, ја донесовме и веќе се спроведува, а беше во насока токму на заштита на стандардот на граѓаните, е намалувањето на ДДВ кај електричната енергија од 18 на 5 отсто за домаќинствата – наведува Бесими.

Тој нагласи дека состојбата се следи и оти очекувањата се дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира најдоцна до средината на наредната година.

Поврзани содржини