ЕСКАЛИРАШЕ СИТУАЦИЈАТА Демонстрантите се судрија со полицијата, фрлаа камења, столици и канти, тие возвратија со шок бомба (ФОТО)
Tие се обидоа да ја пробијат полицијата и да се упатат кон судот, а потоа и кон владата на Македонија.
Ситуацијата на протестот за „Монструм“ ексалираше. Демонстрантите почнаа да фрлаат секакви предмети кон полицијата.
Tие се обидоа да ја пробијат полицијата и да се упатат кон судот, а потоа и кон владата на Македонија.
Демонстрантите беа попречени од страна на полицискиот кордон во нивните намери.
Пратениците Скендер Реџепи од Алтернатива и Елми Азири од Алијанса ги смируваа демонстрантите на протестот за случајот „Монструм“ кои почнаа да фрлаат со предмети по полицијата, оти не добија дозвола да го продолжат маршот до Основниот суд и до Собранието.
– Ние сме тука за вас, не се мешаме, иако многу нè обвинуваат дека се мешаме. Тука сме индивидуално, се мешаме како Албанци, граѓани, не сакаме да дозволиме да продолжат монтираните случаи. Целта на тие е да ги гледаат Албанците затворени и тоа нема да го дозволиме. Ако се согласувате, ќе ви помогнеме да ги вратиме демонстрантите назад, да закажете друг ден, пак ние ќе дојдеме. Јас сум за тоа сепак да биде протестот пред Влада. Не се откажувајте и не се срамете да барате помош од секој албански политички субјект, било опозиција, било власт – им рече пратеникот Скендер Реџепи на организаторите на протестот.
Тензиите почнаа повторно откако демонстрантите побараа полицијата во рок од 10 минути да ја „ослободи“ улицата. Но, напротив, патот им го попречува огромен полициски кордон составен од припадници на специјалните единици, а на улица има и оклопни возила.
Учесниците на протестите почнаа да фрлаат со камења и други предмети кон припадниците на полицијата.
Неофицијално има и повредени од двете страни, при што интервенираше и Брзата помош.