ЕСКАЛИРААТ СУДИРИТЕ СО ХЕЗБОЛАХ Бројни проектили истрелани од Либан кон Израел

Хезболах соопшти дека вчера извршил шест напади врз позиции на израелската војска долж целата либанска граница.

566

Израелските одбранбени сили објавија дека има значителна ескалација на конфликтот со либанската исламистичка милитантна група Хезболах.

– Хезболах истрела бројни противтенковски проектили од Либан кон Израел, гаѓајќи ги и воените и цивилните позиции и нанесувајќи им жртви на двете групи – изјави портпаролот на ИД, потполковник Џонатан Конрикус.






Конрикус додаде дека Хезболах исто така се обидел да се инфилтрира во Израел и бил спречен од ИД.

– Она што Хезболах го прави сега е вовлекување на Либан во конфликт од кој сигурно нема да има корист – рече Конрикус.

Хезболах соопшти дека вчера извршил шест напади врз позиции на израелската војска долж целата либанска граница користејќи наведувани проектили, митралези и минофрлачи од 57 милиметри.

Поврзани содржини