📽 ЕСКАЛИРАА ПРОТЕСТИТЕ ВО ГРЦИЈА Маскирани лица фрлаа молотови коктели кон зградата на Парламентот

Инцидентите се проширија и на околните улици, а полицијата одговори со солзавец и со шок бомби.

326

Сериозни инциденти се случија во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за 2-годишнината од железничката несреќа кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина.

Поголеми групи маскирани лица фрлија десетици молотови коктели, мермер, шишиња и други предмети кон зградата на Парламентот.






Инцидентите се проширија и на околните улици, а полицијата одговори со солзавец и со шок бомби.

Во инцидентите, според информациите на МИА, има најмалку двајца повредени, а предизвикана е и материјална штета.

ГРЦИЈА Е ПАРАЛИЗИРАНА ОД ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК Ширум светот има 382 протеста по повод 2 години од трагедијата во Темпи

Поврзани содржини