ЏЕСИКА АЛБА ДОБИ БЕСПЛАТНА РЕКЛАМА ОД ВСЕЛЕНАТА Астронаутката Кристина Кох побара производи за нега од брендот на глумицата
- Ова е момент за кој никогаш не помислив дека ќе биде мојот вистински живот - вели Алба во видеото споделено на нејзиниот Инстаграм, откако астронаутката Кристина Кох побара производи од нејзиниот козметички бренд Honest во својот пакет за нега на бродот „Артемис II“
Актерката Џесика Алба реагираше откако астронаутката Кристина Кох побара производи од нејзиниот бренд за козметички производи Honest во својот пакет за нега на бродот „Артемис II“.
– Ова е момент за кој никогаш не помислив дека ќе биде мојот вистински живот – вели Алба во видеото споделено на нејзиниот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Имено, астронаутката Кох од вселената рече дека бара специфичен хигиенски производ.
– Барам лосион за раце од брендот Honest. Мислев дека го имаме тука, но не можеме да го најдеме – вели астронаутката.
Оваа порака пријатно ја изненади Алба.
– Што?! Ова е лудо – вели таа, додавајќи дека отсекогаш сакала да создава „побезбедни и подобри производи“ за своите корисници.
Актерката истакна дека нејзиниот сон бил компанијата да изгради репутација на „искрен“ бренд, а моментот кога нејзин производ се бара во вселената го опиша како нереален.
– Ова е момент за кој никогаш не мислев дека ќе биде мојот вистински живот. На сите што имаат соништа – следете ги, бидејќи никогаш не знаете… вашите производи може да завршат во вселената -вели Алба во видеото и вети дека ќе ѝ испрати на астронаутката комплет од своите лосиони веднаш штом се врати на Земјата.
Па за ваква реклама, и тоа е малку, нели?