Џеси Џеј се разбудила глува, лекарите ѝ констатирале Мениерова болест
32-годишната пејачка откри дека на католичкиот Бадник завршила во болница, а причина е болеста што ѝ ја откриле: Мениерова болест.
Светски познатата пејачка Џеси Џеј на социјалните мрежи напиша дека неодамна била хоспитализирана поради силни вртоглавици и оглувеност.
32-годишната пејачка откри дека на католичкиот Бадник завршила во болница, а причина е болеста што ѝ ја откриле: Мениерова болест.
Станува збор за состојба на ушите која може да предизвика вртоглавици, односно предизвикува губење на рамнотежата. Симптомите исто така вклучуваат и мачнина.
„Се разбудив глува во десното уво и не можев да одам право. Ми кажаа дека станува збор за Маниеров синдром. Знам дека многу луѓе боледуваат од тоа и многумина ме контактираа да ми дадат совети. Молчев со денови, но сега првпат имам храброст да зборувам за тоа“, напиша Џеси на социјалните мрежи.