Ештон Качер кога имал 13 години сакал да го донира своето срце на братот близнак ФОТО

1,272

Ештон Качер е очигледно ѕвезда во неговото семејство, но неговиот брат близнак е тој што заслужува филм базиран на него. Мајкл Качер е главниот лик на приказната што може да ве инспирира и охрабри.

Иако се близнаци, Мајкл и Ештон се многу различни. Мајкл е роден пет минути по неговиот славен брат, а бил изненадување за нивните родители, кои не знаеле дека очекуваат близнаци речиси до нивното раѓање. Помладиот близнак беше толку слаб што лекарите мислеле дека тој нема да преживее, но се докажало спротивното. Но, тоа не поминало долго пред неговите родители да забележат дека Мајкл не се развива доволно колку и Ештон. Тие брзо сфатиле дека помладиот Качер боледува од церебрална парализа.






Но, тоа не е сè. Неколку години подоцна, Мајкл ненадејно морал да оди на трансплантација на срцето. Ештон беше толку заштитнички настроен кон Мајкл така што дури сакал тој да му биде негов донор во првите 48 часа. Кога на 13-годишниот Мајкл му била потребна трансплантација на срце, Ештон сакал да биде донор, бидејќи за 48 часа не успеале да најдат соодветен. Да, тој сакал да се самоубие за да го спаси својот брат! За среќа, пронашле донор, виталниот орган бил пресаден навреме, и оттогаш браќата се неразделни!

Повеќепати Ештон зборувал дека тоа му бил еден од најтешките периоди во животот и дека бил подготвен да стави крај на својот живот за да го спаси братот.

Мајкл денес е оженет, има два сина и е успешен мотивациски говорник, a со своите говори од лично искуство ги охрабрува младите луѓе никогаш да не се обесхрабруваат.

 

View this post on Instagram

 

Florence is a must see 🍷🇮🇹

A post shared by Michael Kutcher (@mkutch) on

FOTO: Instagram

Поврзани содржини