Ешли Греам е повторно во фокусот на медиумите откако порача дека е уморна постојано да ја нарекуваат најпозната плус сајз манекенка.
„Не познавам ниту еден маж за чие тело постојано се дискутира“, изјави таа.
Греам е позната по нејзините искрени обраќања, а особено се памети нејзиното интервју за „Ел“ о кое изјави:
„Спиев со пола град, па конечно си најдов маж“, изјави таа зборувајќи за бракот со Џастин Ервин кој го запознала во локална црква додека волонтирала.
– Пред него, спиев со пола Њујорк. Направив сѐ и почна да ми станува здодевно. Сега се смирив покрај човекот кој постојано ме возбудува – раскажа тогаш манекенката.