ЕСЕНТА САМО ШТО ПОЧНА, СЕ ПРЕТВОРИ ВО ЗИМА Студениот бран од север ќе заврши во сабота

На некои од повисоките места врнежите утре ќе бидат од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

203

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.






Најстудено утро ќе биде во Маврово, со температура до минус 3, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 11 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

 

Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот, соопшти УХМР.

Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 литри дожд на метар квадратен. На планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка, а поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места.

За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Фото: УХМР
Поврзани содржини