ЕСЕН СТИГНА ДУЊО МОЈА! Витаминска бомба со антиканцерогено дејство
Семките се најлековитиот дел од дуњите, иако се лековити и плодот и листовите, а особено сокот и сирупот. Семките содржат големи количини витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство.
Дуњите се најголема асоцијација за есента, а од нив можете да направите навистина многу деликатеси.
Но освен што има голема и разновидна примена во кулинарството, дуњата е и вистинска витаминска бомба. Со минимално количество на калории и масти, дуњата е богата со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна, а содржи и многу танински материи и пектин.
Од витамини поседува најголемо количество на витамин Ц, но и големо количество на каротени (провитамин А), витамини Б1 и Б2 како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур и хлор.
Семките од дуња содржат дури 15 отсто масла и големи количества од важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, којшто има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танин, пектин, шеќери и јаболкова киселина.
Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.
Фото: Unsplash