Еруптираше вулкан во Конго, лавата голта куќи, жителите безглаво бегаат (ВИДЕО)

Некои побегнале кон истокот, накај границата со Руанда, додека други бегаат на запад. Жителите бегале со најнеопходните работи и со душеци.

589

Еден од најактивните вулкани на светот, Нијарагонго, во Демократската Република Конго, еруптира синоќа, поради што владата ги активира плановите за евакуација на градот Гома, а лавата од вулканот стигна до аеродромот и почна да голта куќи.






Ерупцијата го зацрвени небото над градот Гома на истокот на Конго, чии жители се сеќаваат на последната ерупција на вулканот во 2002 година, која уби 250 луѓе, а 120.000 останаа без дом.

Во поголемиот дел од градот нема струја, телефонските линии се блокирани, а илјадници луѓе се евакуирани. Некои побегнале кон истокот, накај границата со Руанда, додека други бегаат на запад. Жителите бегале со најнеопходните работи и со душеци.

Вулканологот Дарио Тедеско за Ројтерс најпрво изјави дека се чини дека Гома, град со околу два милиони жители, не е во опасност, а лавата тече кон исток, во правец на границата со Руанда.

Но, сведоци изјавиле дека, сепак, лавата го зафатила патот што го поврзува Гома со градот Бени, во провинцијата Северен Киву.

Гома се наоѓа во источен Конго, долж границата со Руанда, и е регионален штаб на хуманитарни организации и мировна мисија на ООН (МОНУСКО).

Поврзани содржини