ЕРУПЦИЈА НА ВУЛКАН ВО ИНДОНЕЗИЈА Загинаа 11 планинари

Заедно со телата на 11 планинари, спасувачите пронајдоа тројца преживеани, а потрагата по 12 исчезнати беше прекината поради подоцнежната мала ерупција.

56

Еинаесет планинари се пронајдени мртви по ерупцијата на вулканот Марапи на индонезискиот остров Суматра, а се трага по 12 други, соопшти портпаролот на спасувачките служби.

-Во моментот на ерупцијата во областа имало 75 планинари, од кои 49 биле евакуирани во понеделникот, а многумина сега се лекуваат поради изгореници – изјави портпаролката на службата за пребарување и спасување Џоди Харјаван.






Заедно со телата на 11 планинари, спасувачите пронајдоа тројца преживеани, а потрагата по 12 исчезнати беше прекината поради подоцнежната мала ерупција.

Во пресрет на активирањето на вулканот, властите го подигнаа нивото на будност и воспоставија зона за забранет пристап на три километри од кратерот.

Марапи еруптираше во неделата, исфрлајќи колона од пепел висока три километри на небото.

Вулканот е меѓу најактивните на Суматра.

 

Поврзани содржини