Еротски спот на Српската комора за купување домашни производи предизвика бура од реакции (ВИДЕО)
Претседателот нана арпската Стопанска комора, Марко Чадеж ги повика твитерџиите да дадат и тие идеја и им се заблагодари за растот на продажбата на производите.
Промотивниот спот на Стопанската комора на Србија за купување домашни производи „Чуваркуќа“ предизвика силна реакција на социјалните мрежи. Претседателот на комората Марко Чадеж, пак, им се заблагодари на твитерџиите и вели дека ефектот е задоволителен во однос на зголемувањето на продажбата на производите од спотот.
– Одбери ги плодовите на нашата земја, нашето сонце, нашето небо, нашите луѓе – одбери повеќе од 600 мириси, вкусови, производи од Србија со ознака Чуваркуќа! – е пораката која авторите на рекламниот спот сакале да ја испратат, но сето тоа падна во втор план бидејќи Србите на социјалните мрежи препознаа нешто друго. Тие спотот го споредуваат со порнографија.
„Каква врска имаат овие кадри со 600 производи од Србија“, „Дали сте нормални“, „Ова е спот за порно филм“ се дел од коментарите под видеото.
Но така не мисли и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж.
– Благодарам на оние кои мислат дека сме погодиле, оние што веруваат дека сме претерале, промашивме на помошта во привлекување на внимание за купување на домашни производи. „Чуваркуќа“ стана вирална. Производи со жигот растат за 40 отсто. Најголемо благодарам на авторката и авторот Зорана Костиќ и Миша Обрадовиќ. Критичарите ги повикувам како автори и текстописци да се вклучат и да дадат свои идеи. Благодарам што одбирате домашно и ја чувате Србија! – напиша Чадеж на Твитер.
Biraj plodove naše zemlje, našeg sunca, našeg neba, naših ljudi – biraj više od 600 mirisa, ukusa, proizvoda iz Srbije sa oznakom Čuvarkuća!
🏠❤️#StvaranoUSrbiji #BudimoČuvarkuće #BirajČuvarkuće #Čuvarkuća #KupujteDomaće #PrivrednaKomoraSrbije pic.twitter.com/wu1dDe8qJo— Privredna komora SRB (@Privrednakomora) April 19, 2021
Спотовите имаат повеќе од 360.000 прегледи, а продажбата на производите од спотовите, според претседателот на српската Стопанска комора, пораснала за завиден процент.
Стопанската комора на Србија во февруари објави дека жигот „Чуваркуќа“, кој означува знак за квалитет и домашно потекло, го добиле 64 производи од областа на хемиската прехранбената и преработувачката индустрија на Србија, со што вкупниот број на производи со тој жиг надмина 500.
Миша Обрадовиќ кој е еден од авторите на спотот е еден од најпознатите визуелни уметници во регионот, автор е на некои од најдобрите кампањи.