ЕРМЕНСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ТЕЛМА Миленкоски помогнал да избега македонски државјанин

Немаме информации дека Миленковски му помогнал на Левон Саркисјан илегално да ја напушти територијата на Ерменија, ако македонската страна има такци информации, нека ги достави, бараат од ерменското државно обвинителство.

1,991

Во врска со кривичните предмети против Левон Саркисјан и Миле Миленкоски кои што се истражувани од надлежните органи на Ерменија, нема информации дека вториот му помогнал на Левон Саркисјан илегално да ја напушти територијата на Ерменија. По Миленкоски е распишана потерница, како што соопштивме и претходно, во врска со давање помош на сосема друго лице при илегално преминување на државната граница, а станува збор за помош на лице кое не е државјанин на Република Ерменија, изјавил Гор Абрахамијан, советник на државниот обвинител во Ерменија за телевизија Телма.

Миленкоски со приватен авион со уште двајца македонски дипломати, еден Бугарин и еден Украинец, најверојатно пилотите го извлекле од Украина осомничениот Бранислав Димитриевиќ кој користел туѓ македонски пасош.






Доколку македонската страна има други конкретни факти, ерменското државно обвинителство бара директно да ги достави до надлежните органи на Ерменија.

Поврзани содржини