Ерменија и Азербејџан се согласија да одат на разговори во Москва
Министерствата за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан денеска потврдија дека шефовите на нивните дипломатии ќе отпатуваат во Москва на разговори за надминување на актуелниот конфликт во Нагорно-Карабах, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Британските медиуми пренесоа дека рускиот претседател Владимир Путин ги повика двете делегации на преговори за решавање на конфликтот во спорниот регион.
– Баку и Ереван потврдија дека ќе учествуваат во преговорите во Москва. Подготовките се во тек – изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Азербејџан на разговорите ќе го претставува министерот за надворешни работи Џејхун Бајрамов, а Ерменија нејзиниот шеф на дипломатијата Зораб Мнацаканијан.