ЌЕРКИТЕ СЕ ЗАГАТКА, СИНОТ ТВРДИ ДЕКА СЕ БОРЕЛ ВО СИРИЈА Кои се членовите на семејството на Евгениј Пригожин?

Всушност шефот на групата Вагнер  своето семејство го чуваше далеку од јавноста се додека не се дозна дека е под санкции, но и откако беше објавено едно видео.

6,103

Додека руските власти речиси и не ја коментираат смртта на лидерот Вагнер, а светот коментира за неговата наводна смрт, семејството на Евгениј Пригожин деновиве не излегува во јавност со изјави.

Всушност шефот на групата Вагнер  своето семејство го чуваше далеку од јавноста се додека не се дозна дека е под санкции, но и откако беше објавено едно видео.






Видеото го објави советникот во украинскиот МУП, Антон Герашченко, наведувајќи дека на видеото се гледаат синот и најмладата ќерка на шефот на Вагнер, Павел и Вероника Пригожин. Во видеото, помладите членови на семејството Пригожин пеат песна во која велат дека се елитата и олигарсите, додека други ги молат за пари и остатоци од подот.

Герашченко во звојот твит напиша дека „ рускиот канал на  Телеграмс објавија видео од децата на Пригожин, Павел (во бејзбол капа) и Вероника, во Карелија“.

Пригожин подоцна потврди дека на видеото се неговите деца.

Покрај арогантниот однос, јавноста имаше можност да ја види и Вероника Пригожина, најмладата ќерка на основачот и шеф на групата Вагнер која има 18 години.Таа не е многу позната во јавноста. Нејзиниот брат Павел е далеку попознат, тој дури наводно бил дел од Вагнер во Сирија.

Павел  е под санкции од Западот од 2022 година, а под занкции се и сопругата и една од ќерките на Пригожин.

Инсајдер ги наведе сите членови на семејството на Пригожин и подетално го опиша нивниот статус.

Мајката на Пригожин под санкции

Мајката на Пригожин, Виолета Пригожина, за прв пат беше додадена на листата на санкции на Европската унија во 2022 година. Таа ги обжали санкциите, ја доби жалбата, по што санкциите беа укинати.

Врховниот суд на ЕУ во соопштението објавено во март рече дека врските меѓу Виолета и нејзиниот син се засноваат „само на нивниот семеен однос и затоа не се доволни за да го оправдаат нејзиното вклучување на спорните листи“.

83-годишната мајка на Пригожин отвори уметничка галерија во 2018 година во Санкт Петербург наречена „Боите на животот“. Таа во декември минатата година го промовираше уметничкото шоу „Штеди, не уништувај“ за важноста од зачувување на спомениците на културата.

Сопругата на газдата Вагнер е сопственичка на фабрика за чоколади

Сопругата на Пригожин, Љубов, фармацевт, стана бизнисменка и сопственик на „Агат ДОО“, фирма која е дел од „Конкорд менаџмент и консалтинг ДОО“, фирма основана од Евгениј Пригожин, според швајцарската и француската листа за санкции. Министерството за финансии на САД и ЕУ го додадоа на листата на санкции во 2022 година.

Рускиот медиум „Њу Известија“ ја опиша Љубов како бизнисменка која поседува неколку одморалишта, фабрика за чоколади и продавница за малопродажба во Санкт Петербург.

Синот Павел служел во Вагнер

Павел, син на Евгениј Пригожин, наводно се борел заедно со групата на Вагнер во Сирија. За неговата воена служба беше одликуван со Вагнеров црн крст.

Во 2022 година, Министерството за финансии на САД го санкционираше Павел, наведувајќи дека тој, заедно со неговата мајка и сестра Полина, играле „различни улоги во деловниот потфат на Пригожин“. Не открија повеќе детали за тоа како биле вклучени во неговата деловна империја.

Министерството за финансии напиша дека Павел контролира три компании: Лахта Парк, ООО, Лахта Парк Премиум, ООО и Лахта Плаза. Не е познато што всушност прават овие компании.

Во декември, тој беше во центарот на шпекулациите дека неговите објави на Телеграм ја откриле локацијата на трупите на Вагнер на украинскиот ракетен напад.

Ќерките се мистерија

Заедно со Павел, Пригожин има и две ќерки – Полина (31) и Вероника (18). Тие се натпреваруваа на стотици коњски трки надвор од Русија во исто време кога нивниот татко протестираше на Телеграма против „предавниците меѓу руските елити кои ги испраќаа своите деца во странство“.

Полина е позната по тоа што се жалеше на тешкотијата да добие свадбено цвеќе кога се омажи во палатата Константинов во Санкт Петербург во 2015 година. Полина, исто така, беше наведена од Министерството за финансии на САД дека игра улога во деловната империја на Пригожин.

Засега најмладата Вероника е единствениот член од семејството за кој не се знае дали е санкционирана во САД или ЕУ.

Авионот „Ембраер“ се урна во средата во близина на Москва. Сите патници на летот загинаа. Руската агенција за цивилно воздухопловство Росавијација објави дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин и неговиот истакнат командант Дмитриј Уткин биле меѓу патниците во авионот

Поврзани содржини