ЌЕРКИТЕ НА МАДОНА ГО ПРОСЛАВИЈА СВОЈОТ 9 РОДЕНДЕН Гордата мајка објави фотографии на нејзиниот Инстаграм

Две прекрасни души кои не носат ништо, освен радост на сите кои ќе ги сретнат. Многу сум благодарна што ги имам во мојот живот, напиша Мадона во нејзината објава.

776

Поп иконата на својот Инстаграм профил оддаде почит на своите две ќерки близначки со симпатична колекција од фотографии во чест на нивниот 9 роденден.

Во објавата на Мадона има фотографии кои се направени во различни периоди од нивното растење.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

„Две прекрасни души кои не носат ништо, освен радост на сите кои ќе ги сретнат. Многу сум благодарна што ги имам во мојот живот“, напиша Мадона во нејзината објава.

Естер и Стела се посвоени од афричката држава Малави во февруари 2017 година, а освен прекрасните близначки, Мадона ги има и нејзините синови Роко Ричи и Дејвид Банда, чиј татко е Гај Ричи, како и ќерката Лурдес Леон која ја доби со Карлос Леон, а ја посвои и нејзината 15 годишна ќерка, Мерси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

За „People“, таа одамна призна дека отсекогаш чувствувала потреба да посвојува деца кои немаат свој дом и топол оброк, а нејзините биолошки деца ја поддржувале секојпат во ова.

Поврзани содржини