📷 ЌЕРКАТА НА ТРАМП ГО ОТКРИ ПОЛОТ НА БЕБЕТО Тифани брои ситно до првото породување
Тифани Трамп и нејзиниот сопруг Мајкл Булос го очекуваат своето прво дете, а во текот на раскошната прослава што ја организираа по повод раѓањето на бебето открија и дали пристигнува момче или девојче.
Тифани Трамп и нејзиниот сопруг Мајкл Булос го очекуваат своето прво дете, а во текот на раскошната прослава што ја организираа по повод раѓањето на бебето открија и дали пристигнува момче или девојче.
Тифани Трамп, ќерката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, наскоро ќе го роди своето прво дете, а по тој повод минатиот викенд организираше раскошна прослава по повод доаѓањето на бебето.
Доналд Трамп објави дека неговата ќерка е бремена уште во октомври 2024 година, на едно од неговите јавни појавувања, и тоа додека држеше говор.
Тифани сега на социјалните мрежи откри дека бебето пристигнува за еден месец, а по повод оваа прекрасна прилика – славење поради приновата – носела божествен светлосин долг фустан, со кој откри дека пристигнува момче.
— Likeaboss (@Instastory88) April 8, 2025
Таква била и декорацијата, во склад со полот на бебето, а идната мајка напиша само: „Еден месец“.
Тифани е ќерката на Доналд Трамп од неговата втора сопруга, актерката Марла Мејплс, со која немаше повеќе деца. Тие се разведоа во 1999 година, а шест години подоцна се ожени со Меланија Трамп, со која го има синот Барон.
Пред две години таа се омажи за милијардерот Мајкл Булос, наследник на нигерискиот конгломерат „Булос ентерпрајсез“. Тој се пресели во Америка откако ја запозна Тифани, а почнаа да се забавуваат во 2018 година, во клубот на Линдзи Лохан во Миконос, Грција.
Свршувачката се случи во јануари 2021 година, кога Тифани ја запроси со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.
View this post on Instagram
Доналд Трамп наскоро ќе стане дедо по 11-ти пат, бидејќи од неговите пет деца веќе има 10 внуци.