📷 ЌЕРКАТА НА СТИВ ЏОБС СЕ ОМАЖИ ЗА ОЛИМПИЕЦ НА СВАДБА ОД 6,7 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Сите се бесни поради една работа
Ив Џобс, ќерка на починатиот ко-основач на „Епл“, Стив Џобс, се омажи за олимпискиот шампион во коњички спорт, Хари Чарлс, на свадба достојна за наследничка на технолошка империја. Двојката размени завети во црквата „Свети Михаил и сите ангели“ во идиличното англиско село Грејт Тју.
Според пишувањето „Дејли меил“, гостите блескаа во елегантни фустани и свечени костуми, а меѓу деветте деверуши во црвени сатенски фустани беше и Џесика Спрингстин, ќерка на музичката легенда Брус Спрингстин.
View this post on Instagram
Невестата пристигна на церемонијата по приватен пат, со доцнење од триесетина минути, а 45 минути подоцна таа и Чарлс го изговорија судбоносното „да“. По церемонијата, двојката ја напушти црквата во луксузен комби „мерцедес“ и се упати кон вечерната прослава.
Целата свадба, која наводно чинела вртоглави 6,7 милиони долари, ја организираше организаторот на настани на познати личности, Стенли Гати. Извор близок до двојката открил за „Сан“ дека ова е „социјален настан како ниеден друг“ и дека целиот рурален Оксфордшир е „превртен наопаку“.
„Мирното село каде што сè се случуваше се претвори во забранета зона, со тајни агенти и луѓе кои изгледаат како да работат за ФБИ. Сите се навикнати на туристи и познати лица, но ова е нешто сосема друго“, додаде изворот.
View this post on Instagram
Ева (27) и Чарлс (26) јавно ја потврдија својата врска за време на Олимписките игри во Париз во 2024 година, каде што британскиот спортист освои златен медал во екипно скокање пречки. Ева, која е успешна јавачка и модел, го бодреше од трибините.
„ТИМСКО ЗЛАТО! Многу сум горда на тебе, љубов моја“, напиша таа на Инстаграм во тоа време. Според медиумските извештаи, двојката е во врска од 2022 година.
По олимпискиот триумф, Чарлс изјави за списанието „Татлер“ дека едвај чека да помине време со својата девојка.
„Само ќе седиме, ќе уживаме и ќе размислуваме за сè“, рече тогаш заљубениот спортист.
View this post on Instagram