Ќерката на Спилберг, Алин, е тетовска снаа
Генц Легранд е син на радиологот од Тетово, Кабил Тахири, а тој живее во Швајцарија. Таа сподели две фотографии, една со нејзиното момче и друга со вереничкиот прстен. „Многу сум возбудена што животот го продолжувам со мојот близок пријател. Ова е најдобриот ден во мојот живот. Те сакам “ - напиша Алин.
Дестри Алин, ќерка на американскиот режисер, продуцент и сценарист Стивен Спилберг, која исто така е добитник на многу награди „Оскар“ за најдобар режисер, е верена со нејзиното момче Генц Легранд, со кого се забавува подолго време.
Веста ја соопшти во петокот лично Алин на нејзиниот профил на Инстаграм – пренесе „Холивуд Рипортер“.
Генц Легранд е син на радиологот од Тетово, Кабил Тахири кој живее во Швајцарија. Таа сподели две фотографии, една со нејзиното момче и друга со вереничкиот прстен.
„Многу сум возбудена што животот сго продолжувам о мојот близок пријател. Ова е најдобриот ден во мојот живот. Те сакам “ – напиша Алин.
Еле Фанинг, Кејтлин Девер, Жулијан Мур, Ирланд Болдвин и нејзината сестра, Саша Спилберг, но и многу други, и честитаа на Алин за веридбата. Таа го промени своето славно презиме кога ја започна својата кариера во Холивуд.