ЌЕРКАТА НА СЛАВНАТА АКТЕРКА КЕНДИС БЕРГЕН ЈА НАСЛЕДИ АНА ВИНТУР ВО „ВОГ“ Таа ја донела Лоран Санчез на насловната на магазинот
Мал претходно беше уредничка на Vogue.com и водителка на поткастот „The Run-Through with Vogue“.
„Вог“ ја именуваше во вторникот Клое Мал за нова глава уредничка на светски познатото модно списание и за наследничка на легендарната уредничка Ана Винтур, која во јуни годинава објави дека по 37 години се повлекува од фунцкијата.
39-годишната Клое е ќерка на славната актерка Кендис Берген и на прочуениот француски режисер Луј Мал.
Мал претходно беше уредничка на Vogue.com и водителка на поткастот „The Run-Through with Vogue“.
Се очекува таа да ја преземе функцијата пред Неделата на модата во Њујорк, која ќе се одржи од 11 до 16 септември.
– Се двоумев кога се пријавив на интервјуто за функцијата, бидејќи модата не е еден од моите главни интереси во животот, а сакам да пишувам повеќе отколку да бидам уредничка, но бев толку заведена од машината на „Вог“ што не можев да одолеам – рече Мал.
Мал го обезбеди есклузивното известување од венчавката на Наоми Бајден во 2022 во Белата куќа и интервјуто со Лорен Санчез пред нејзината венчавка со Џеф Безос.
Во интервју за „Њујорк тајмс“ по изборот, Мал откри дека добила смртни закани поради насловната страница со Санчез.
– Мислам дека постои елемент на поддршка со насловната страница на „Вог“ и мислам дека вреди да се преземе пресметан ризик – рече Мал.
Раното детство Мал го поминала во Лос Анџелес, каде што мајка ѝ ги преселила од Њујорк кога таа имала три години за да ја снима хит серијата „Марфи Браун“. Татко ѝ, режисерот номиниран за Оскар Луј Мал, живеел во Франција затоа што не сакал да живее или да работи во Холивуд. Тој патувал помеѓу Париз и Лос Анџелес секој втор месец за да ги посети сопругата и ќерката.
View this post on Instagram