ЌЕРКАТА НА РАЗВРАТНИОТ МИЛИОНЕР Живее со татко ѝ, неговата сопруга и со неговите љубовници (ФОТО)

Лучиана во луксузната вила живее со своите две сестри, братот, таткото, неговата сопруга Таеш - и неговите љубовници.

1,212

Лучиана Бенион, 19-годишната ќерка на богатиот наследник на тутунската индустрија Траверс Бенион, познат како Кендимен, кој поради својот начин на живот е наречен „австралискиот Хју Хефнер“, зборувала за својот живот во луксузната вила „Candy shop“.

Во неа живее со своите две сестри, братот, таткото, неговата сопруга Таеш – и неговите љубовници.






Убавицата која гради манекенска кариера се опишува себеси како девојка со отворен ум, па животот со „многуте жени на тато“ не ѝ паѓа тешко.

Младата Лучиана, и покрај големото богатство на нејзиниот татко, на 15 години својата прва работа ја пронашла во „Мекдоналдс“, а полиаморијата на нејзиниот татко не е нешто што таа би сакала да го проба.


– Мислам дека тој начин на живот имаше најголемо влијание врз мојот живот, заедно со мајка ми и татко ми. Среќна сум што ме научија да прифатам различност и да размислувам надвор од рамките. Кога сте воспитувани во поинаква и необична средина, тоа ви ги отвора очите за други работи. Се сметам себеси за благословена што живеам во таа куќа и не би менувала ништо. Тоа е сепак нормална семејна куќа. Да, татко ми има жена и уште неколку девојки, но сите ние сме семејство. Многу се забавуваме, но правиме и многу повеќе затоа што имаме големо „семејство“. Животот со татко ми е многу забавен. Тој знае како да живее и им покажува на сите како да го извлечат најдоброто од животот“, рекла младата наследничка во интервјуто за „Мирор“.

Иако нејзиниот татко е обвинет дека е сексист, таа ги негира обвинувањата.

„Тој има неколку девојки истовремено и сите живеат заедно. Лично, не можам да го сторам тоа, но ако успее, немам ништо против“, рекла гордата ќерка.

Таа не разбира зошто јавноста е толку згрозена од однесувањето и ароганцијата на нејзиниот татко.

“Тој е опкружен со убави жени, сака да ги разгалува и прави се за да се чувствуваат добро. Мислам дека е смешно што луѓето го обвинуваат дека ги сведува жените на ниво на сексуални објекти. Што е со милионите жени кои објавуваат полуголи селфи на социјалните мрежи и имате милиони следбеници? Жените треба да имаат избор да се изразат“, тврди Лучијана, пишува хрватски „Јутарњи“.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини