ЌЕРКАТА НА ПОЗНАТИОТ МУЗИЧАР ПОЧИНА НА 25 ГОДИНИ Била пронајдена во нејзиниот дом (ФОТО)
Имено, полицијата ја пронашла Хана мртва во дом во Тенеси.
Хана Датри, ќерката на американскиот музичар Крис Огрин, почина на 25-годишна возраст. Веста за смртта ја објави нејзината мајка Деана на својот инстаграм-профил заедно со бројни фотографии од нејзината ќерка.
View this post on Instagram
Имено, полицијата ја пронашла Хана мртва во дом во Тенеси.
„Моето првороденче. Те сакам бескрајно, Хана. Нашето семејство сака да ви се заблагодари на сите за вашата љубов додека тагуваме поради загубата на нашата ќерка Хана“, напишала Деана, откривајќи дека резултатите од обдукцијата сè уште се чекаат.
„Нашите срца се скршени“, додала таа.
Починатата Хана била мајка на две деца, синот Лиам (7) и ќерката Лили (1).
Исто така, музичарот Крис и на социјалните мрежи се збогувал со својата ќерка.
– Целосно сум скршен. Неодамна ја изгубив мајка ми од рак, но барем успеав да се поздравам со неа и да се збогувам. Никогаш не успеавме да се збогуваме со нашата Хана и тоа е тежок удар за целото семејство. Ви благодарам на сите за изразите на сочувство. Хана, те сакаме и ни недостасуваш – напиша тој.
View this post on Instagram
Набргу по објавувањето за смртта, концертите на бендот „Daughtry“ во кој Крис е фронтмен биле откажани или одложени.
Бендот „Daughtry“ беше финалист во петтата сезона на шоуто „Американски идол“ во 2006 година, по што изградија успешна кариера.
Нивните најголеми хитови се „It’s not over“, „Over you“, „September“, „Start of something good“, „Waiting for Superman“.