ЌЕРКАТА НА ОРБАН И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ ПРАВАТ ‘РШУМ ВО БЕЛГРАД Што знаеме за богатиот пар кој купи 11 деловни згради?
Во 2015 година фирмата „Елиос Иноватив“ на зетот на Орбан добила работа од државата да постави ЛЕД осветлување по градовите во Унгарија и како што се наведува таа работа се покажала за 65 отсто поскапа од пазарните цени.
Зетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата сопруга кои заедно тежат 100 милиони долари купија 11 деловни згради во Белград, односно простори од вкупно 122.000 квадратни метри во Green Heart, FortyOne. , Белградски деловен центар, авенија 19…
Српските медиуми пишуваат за нивната контроверзна историја и поврзана со корупциски скандали. Иштван Тиборц роден во 1986 година е 25-тиот највлијателен човек во Унграија. Неговата сопруга Рахел, најстарата ќерка на Орбан е позната како „малечката од скандали“. Таа неколку пати се појавуваше на државни состаноци, како претставник на Унгарија, иако не е функционер на таа земја.
Се смета дека Иштван го стекнал своето богатство преку државни провизии, наместени тендери и договори со државата. Тој никогаш не ги криел своите семејни врски со партијата на Орбан – Фидес.
Но пред Орбан да стане премиер во 2011 година, Иштван водел компанија за осветлување со скромни приходи. Во 2015 година неговата фирма „Елиос Иноватив“ добила работа од државата да постави ЛЕД осветлување по градовите во Унгарија и како што се наведува таа работа се покажала за 65 отсто поскапа од пазарните цени.

Иштван истата година го продал својот удел во компанијата откако ЕУ започнала истрага за 35 проекти за осветлувањето кои биле поврзани со случајот.
После тоа, зетот и ќерката на Орбан се испробале во секторот за недвижнини. Ја создале групацијата БДПСТ која занимава со капитални инвестиции, инвестиции во недвижен имот, реновирање на споменици, развој и работа на канцеларии и хотели.
Продажбата на 11 згради во Белград е направена преку Диофа фондот кој е дел од групацијата БДПСТ.
Сопругата на Иштван, Рахел често е обвинета за финансиски малверзации. Во 2019 година, нејзиниот имот беше проценет на 108 милиони евра, што ја прави една од најбогатите Унгарки.