Веста дека сопругата на Џон Траволта (66), актерката Кели Престон, почина на 57-годишна возраст од рак на дојка, болест со која се борела последните две години, го шокираше светот.
Тажната вест ја потврди Траволта на својот инстаграм-профил, а потоа и нивната ќерка Ела Траволта (20) се прости од мајка си со емотивна порака.
„Секој кој имаше среќа да те запознае или некогаш да биде во твое присуство, ќе се согласи дека си прекрасна, дека никогаш нема да престанеш да блескаш каде и да си и сите нас да нè правиш среќни. Ти благодарам што беше покрај мене без оглед на сè. Ти благодарам на целата твоја љубов, ти благодарам на помошта и ти благодарам што го направи светот поубаво место. Те сакам многу, мамо“, напишала таа.
Кели и Џон се венчаа во 1991 година, а покрај ќерката Ела имаат и син, Бенџамин (9). Најстариот син, Џет, починал во 2009 година.
ФОТО: Инстаграм