Посвоената ќерка на поранешната брачна двојка Никол Кидман и Том Круз се пофали со новиот изглед на Инстаграм.
Бела Кидман Круз (27) не објавува често фотографии на социјалните мрежи, па поради тоа нејзината последна селфи-фотографија ја пренеле многубројни американски медиуми.
Од почетокот на годината, ќерката на славните актери објавила три селфи-фотографии.
Круз (58) и Кидман (53) ја посвоија Бела во 1992 година, а подоцна и синот Конор кој што е роден во 1995 година.
Двојката се разведе во 2001 година.
Кидман лани зборуваше за својот однос со Бела и Конор, кои што и двајцата ја преферираат скиентологијата како и нивниот татко.
– Можат да донесуваат свои одлуки. Одлучија да бидат скиентолози заедно со нивниот татко, а моја работа како мајка е да ги сакам – изјави таа за австриски „Who“.
Кидман сега е во брак со музичарот Кејт Урбан, со кого има две ќерки, Сандеј Роуз и Фејт Маргарет.
Круз исто така е татко на 14-годишната Сури која што ја доби со својата поранешна сопруга Кејти Холмс.
View this post on Instagram