ЌЕРКАТА НА НАЗАРБАЕВ ИМАЛА ГОЛЕМИ АПЕТИТИ Купила авион, банка и луксузни куќи

3,834

Најмладата ќерка и миленичка на поранешниот казахстански претседател Нурсултан Назарбаев, Алија Назарбаева, своевремено од земјата изнела 300 милиони долари и направила „голем шопинг“ во Лондон.

Странските медиуми објавија дека ќерката на некогаш моќниот казахстански претседател купила авион вреден 25 милиони долари, куќа од 8.75 милиони фунти во Лондон, па дури и приватна банка.






Назарбаева им дала упатства на двајца професионални финансиски советници да купат раскошни куќи, банка и луксузен авион, откако ги префрлиле парите во сложена мрежа на оф-шор компании што се протега од Лихтенштајн до британските Девствени Острови, пренесува британски Телеграф.

Британскиот медиум објави дека убавата Алија му наредила на својот тим да купи и имот во Дубаи во вредност од 14 милиони долари, вклучувајќи и вила на елитниот остров Палм Џумеирах.

Поврзани содржини