🎥 ЌЕРКАТА НА НАЈБОГАТАТА ХРВАТКА СЕ ОГЛАСИ ОД ДУБАИ „Една од најстрашните, најлошите ноќи во мојот живот“
Петра Еклстоун се огласи од Дубаи кадешто неодамна се пресели со семејството и призна дека ситуацијата била исклучително стресна за неа, особено како мајка на четири деца на кои мора да им објасни што се случува.
Петра Еклстоун, ќерка на најбогатата жена Хрватка, Славица Еклстоун и поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, проговори од Дубаи. Нејзината објава дојде откако ракетните напади и зголемените тензии на Блискиот Исток предизвикаа јавна загриженост.
Петра, според странските медиуми, неодамна се преселила од Лос Анџелес во Дубаи со своето семејство.
– Тоа беше една од најстрашните, најлошите ноќи во мојот живот. Дојдовме во Дубаи за да се чувствуваме безбедно и конечно почнавме да се навикнуваме на тоа, а сега се случи ова. Беше навистина шокантен пресврт на настаните. Фала му на Бога, безбедни сме. Едноставно… не беше добра ноќ. Се надевам дека сите се безбедни и дека сите ќе го пребродиме ова. Ви благодарам многу – рече таа.
View this post on Instagram
Таа исто така објасни дека како мајка на два сина и две ќерки, најтешкото нешто за неа било да им објасни што се случува.
– Немам одговори на некои од прашањата и тоа беше страшно – слушање и одговарање на прашања за тоа што ќе се случи следно, дали ќе престане и слушање гласни удари во ноќта… Се обидувате да ги заштитите и да им кажете дека сè ќе биде во ред, но како мајка, се разбира, ги немате сите одговори. Тоа беше тешко – рече таа.
– Не можам ни да замислам луѓе кои поминале низ војни и морале да живеат така ден по ден, како мојот татко, и дека тоа е едноставно нормален живот. А потоа децата мора да одат на училиште со таква вознемиреност и грижа. Тоа синоќа ми ги отвори очите – додаде таа.
Нејзиниот сопруг Сем Палмер, исто така, проговори за драматичната ноќ.
View this post on Instagram
– Морам да признаам, беше малку алармантно кога на сите ни заѕвонија телефоните во 13:30 синоќа со порака од владата: „Засолнете се, доаѓаат проектили“.
Сè што слушате се гласни звуци на проектили што ги пресретнува одбранбениот тим, кој се чини дека одлично ја врши работата. Децата се исплашени. Ние сме исплашени. Никогаш порано не сум доживеал ракетен напад. Се надевам дека ќе заврши многу, многу брзо – рече тој на социјалните мрежи.