ЌЕРКАТА НА НАЈБОГАТАТА ХРВАТКА ЈА ОТВОРИ ВРАТАТА НА СВОЈОТ ДОМ 134 милиони евра тежок луксуз (ВИДЕО)
Ќерката на најбогатата Хрватка Славица Еклстон и на милијардерот Берни Еклстон, 32-годишната Петра ги отвори вратите од својот дом во Лондон.
Петра Еклстон на пошироката јавност ѝ го покажа ентериерот на нејзината луксузна куќа „Слоун хаус“ во Лондон, која во моментов се смета за најатрактивна во британската престолнина.
Ќерката на најбогатата Хрватка Славица Еклстон и на милијардерот Берни Еклстон, 32-годишната Петра ги отвори вратите од својот дом во Лондон.
Оваа луксузна куќа наскоро би можела да се најде на пазарот, за вртоглава цена од 134 милиони евра.
View this post on Instagram
Куќата позната како „Слоун хаус“ е изградена кон крајот на 18 век и се смета за најатрактивна во британската престолнина, а Петра сега на сите на Инстаграм им покажа како изгледа луксузната внатрешност на нејзиниот богат дом.
„Ми требаа пет години за да го завршам уредувањето на домот што апсолутно го обожавам. Навистина се надевам дека ќе уживате, ми требаше многу храброст и сигурност за конечно да дозволам снимање. Искрено, навистина уживав во ова“, напишала Петра покрај објавената видеоснимка, а во куќата ги пуштила новинарите на списанието „Архитектонски дигест“ за кој го дала интервјуто.
Петра и нејзиниот поранешен сопруг Џејмс Стант ја купиле куќата во 2010 година и ѝ биле потребни пет години да ја декорира онака како што ја замислила.
– Копавме 15 метри длабоко. Се градеше горе и долу за да имаме сѐ што ни треба на имотот. Имаме базен, теретана, спа, амам, салон, игротека за деца, терен за сквош и домашно кино. Куќата имаше голем потенцијал да стане сопственост што го одзема здивот – открила таа.
View this post on Instagram
Петра во неа го поминала и карантинот поради коронавирусот, заедно со своите деца и нејзиниот свршеник Сем Палмер, со кои со задоволство ја посетува татковината на својата мајка.
Сепак, нивниот дом моментално се наоѓа во Брентвуд, Лос Анџелес, така што тие размислуваат да го продадат овој британски имот од бајките со дури 14 спални соби.
Петра ја купила „Слоун хаус“ по цена од 80 милиони, инвестирала 34 милиони за реновирање и ќе ја продаде за 134 милиони евра. Се чини дека таа наследила префинето чувство за бизнис од нејзините родители.