Ќерката на починатиот крал на поп-музикаата Мајкл Џексон, Парис Џексон се отвори за својата сексуална ориентација во документарец за нејзиниот живот по смртта на татко ѝ.
Во документарецот Парис раскажа дека нејзиниот татко уште од рана возраст се шегувал со неа кога станувало збор за девојки. Таа додала дека тој знаел дека таа е бисексуалка уште тогаш.
22-годишната Парис призна дека никогаш не мислела дека ќе заврши со машко и дека цврсто била убедена дека ќе се ожени со девојка.
– Татко ми разбра многу брзо, мислам дека ја почувствува енергијата и се шегуваше со мене како што се шегуваше и со брат ми за девојките. Имав многу среќа што го имав тоа искуство, особено на толку рана возраст. Имав 8 или 9 години – додала Парис.