ЌЕРКАТА НА ЧАРЛИ ШИН И ДЕНИЗ РИЧАРДС СПОДЕЛУВА ФОТОГРАФИИ ПРЕД И ПОТОА Еве колку пластични операции направила за 7 години Семи Шин
Семи, ќерката на Дениз Ричардс и Чарли Шин, ги откри на Инстаграм сите операции што ги направила досега, а листата е долга. Таа ја покажа својата трансформација со фотографии од пред и потоа. Работата е извршена во текот на 7 години, а Семи за сѐ му се заблагодари на Бога?!
Од неодамна е во тренд помладите ѕвезди да бидат искрени и отворени за пластичните операции што ги направиле. На пример, Кајли Џенер ги изненади сите на социјалните мрежи кога откри дека имала операција на градите. Последната што го призна тоа беше Семи Шин (21).
Семи, ќерката на Дениз Ричардс и Чарли Шин, ги откри на Инстаграм сите операции што ги направила досега, а листата е долга. Таа ја покажа својата трансформација со фотографии од пред и потоа.
Работата е извршена во текот на 7 години, а Семи за сѐ му се заблагодари на Бог?!
– Седум години разлика… фала му на Бога за екстензиите за коса, филерите за усни, операцијата на гради, операцијата на нос, коронките… – пишува таа.
Семи, која стана едно од најпрепознатливите лица на OnlyFans, никогаш не се срамела од своите постапки. Порано оваа година, таа отворено зборуваше за пластичната хирургија откако доби многу реакции за тоа што призна дека имала операција на нос.
– Очигледно многу луѓе сум изнервирала со операцијата на носот, па ќе изнервирам уште повеќе луѓе раскажувајќи ви ги сите процедури што сум ги направила – рече таа во видео што го објави на Тик-Ток.
Шин рече дека првпат ставила филери за усни кога имала 18 години и дека секоја година прави „поправки“. Исто така, имала и ботокс, но не ѝ се допаднала процедурата.
– Ставив ботокс на челото и го мразев. Всушност го ставив за да ги кренам веѓите, но го направи спротивното. Јас сум една од оние ретки луѓе… Ми го спушти целото лице. Изгледаше ужасно, па го оставив природно да се растопи и никогаш повеќе не го направив тоа – рече таа.
– Коронките беа уште една тешка лекција. Тоа беше најлошиот процес досега – рече таа, додавајќи дека се надева дека ќе траат „20 години затоа што никогаш повеќе не сакам да поминам низ тоа“.
Таа одлучила да направи ринопластика откако пробала со филер за нос да го израмни и подигне. Нејзината следна процедура биле импланти за гради, кои ќе ги зголеми кога ќе може.
– Чувствувам дека можев да ги зголемам повеќе и навистина посакувам да ги зголемев: Кога ќе дојде време да ги направам, дефинитивно ќе бидат поголеми – рече таа.
Обожавателите можеа да видат повеќе од козметичкото патување на Семи во нејзината ријалити серија „Wild Things“, каде што глуми заедно со нејзината мајка Дениз и помладата сестра Лола.
Таа ја документираше својата ринопластика со познатиот хирург д-р Дипак Дугар, зборувајќи зошто воопшто ја сакала.
– Средното училиште беше навистина тешко. Морав да се справувам со деца кои ме малтретираа. Луѓето велеа дека личам на татко ми. Всушност, другиот ден добив коментар од некој што рече: „Никогаш нема да бидеш толку убава како твојата мајка“.
Сега таа заработува многу пари на OnlyFans, што ѝ помогнало да плати за процедурите кои направиле да се чувствува посигурна.
Sami Sheen’s IG Story update pic.twitter.com/ncTGpgIwtM
— Polly (@pollygarcia0915) October 8, 2025